Единиците на „Вагнер“ почнаа со повлекување од Бахмут, соопшти Пригожин

Руската приватна воена компанија „Вагнер“ почна да ги повлекува своите единици од украинскиот град Бахмут и да ги префрла освоените позиции на редовните руски трупи, јавија британските медиуми, повикувајќи се на денешна видео изјава на нејзиниот основач Евгениј Пригожин.

„Ги повлекуваме нашите единици од Бахмут. Од денеска во 5 часот, на 25 мај, до 1 јуни, повеќето единици ќе бидат прераспоредени во задните кампови. Ги предаваме нашите позиции на војската“, објави основачот на „Вагнер“.

Видеото беше поставено на каналот Телеграм од неговата прес-служба и на неа Пригожин е прикажан во борбена опрема како стои до станбена зграда оштетена од војната.

Тој во саботата го соопшти заземањето на Бахмут по најдолгата и најкрвавата битка во оваа војна.

Прочитајте и:  Русите уништиле пет украински борбени авиони СУ-27 на аеродормот Мирхород

Во својата најнова видео изјава, основачот на Вагнер, кој постојано јавно ги критикуваше високите руски одбранбени функционери, кажа дека неговите сили ќе бидат подготвени да се вратат во Бахмут доколку редовната армија не може да се справи со ситуацијата.

МИА

- Реклама -