Спасовски: Заканувачките пораки на ученици во нашите училишта се рефлексија од случувањата во соседството

Пријавите и заканите од страна на ученици во нашите училшта се рефлексија на случувањата во нашето соседство. Станува збор за едно детско невнимателно однесување кое сепак предизвикува реакции, посочи министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски.

Тој денеска коментирајќи ги заканувачките пораки на ученици во нашите училишта рече дека за секој еден случај се постапува. Информира дека засега не пронашле сериозност во пораките, но дека превентивно се постапува и се преземаат потребните акции за секој случај.

„За секој случај кој што е идентификуван за секој се реагира, се постапува со социјалните служби, со раководството на училиштата, родителите во истиот момент и засега немаме состојба која укажува на сериозност во намерата да биде преземено било што, меѓутоа превентивно во секој момент кога ќе дознаеме било каква информација веднаш реагираме“, изјави Спасовски.

Испрати апел до родителите и до учениците за сериозно и одговорно однесување, а на раководставта на училиштата им порача да го подигнат степенот на одговорност и внимание. Оцени дека случувањата во Србија ја подигнале свесноста кај сите.

„Ова што се случуваше во соседството ја подигна малку јавната свест кај сите нас за заеднички да делуваме. Ова е многу важно од семејството преку образвовните институции па до секој еден од нас и медиумите секкао да ја подигнеме јавната свест“, рече Спасовски.

Додаде дека Министерството и пред случувањаат во Србија преземало активности, односно веќе постојат механизми насочени кон безбедноста на учениците, а тие механизми биле засилени по дојавите за поставени бомби во училишните објекти.

„Секоја недела еднаш се прават опсежни контроли кои подразбираат контрола на лица, возила, безбедноста на сообраќајот се со цел да превенираме одредени активности и тоа дава извонредни реулзтати барем досега. Се покрена иницијатива пред сите овие случувањазаедно со Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука, токму во овој дел на преземање на други мерки кои би значеле дел од работа на социјалните служби и поврзување со Мининистерството за внатрешни работи заради безбедноста, се со цел да се работи со лица, ученици кои што немаат добро поведени или можат да направат одреден безбедносен проблем или нарушување на безбедноста“, информира Спасовски.

МИА

- Реклама -