Меси заминува од ПСЖ

Аргентинецот Лионел Меси ова лето ќе го напушти ПСЖ, откако клупското раководство му изрече двонеделна суспензија, бидејќи фудбалерот без дозвола отпатува во Саудиска Арабија.

Меси има договор со актуелниот француски првак до крајот на оваа сезона, а како што објави денеска парискиот весник „Л’Екип, ниту раководството веќе не сака да ја продолжи соработката со 35-годишниот аргентински фудбалер.

Меси бараше дозвола од клубот да патува во Саудиска Арабија поради спонзорски обврски, и во два наврати го пролонгираше летот чекајќи дозвола од клубот, која не ја доби.

Меси, сепак, отпатува во Саудиска Арабија, поради што му беше изречена двонеделна суспензија и ќе ги пропушти натпреварите од француското првенство против Троја и Ајачио, а за тој период нема да добие плата.

Се шпекулира дека Меси ќе се врати во Барселона, каде стекна светска слава, иако за него се заинтересирани и многу американски клубови.

МИА

- Реклама -