Новата плоча со имињата на осумте припадници на безбедносните сили кои загинаа во маскарот кај Вејце, која беше поставена на 28 април од страна на политичката партија Левица, е искршена.
На фотографијата, објавена од Левица, се забележува дека уништени се цвеќињата и свеќници, а стои само плочата со имињата оставена од Одборот на бранители.
„Со племенски манири, територијални претензии и никаков соживот нема чекор кон Европа и светот. Во 21 век кога светската цивилизација претендира да се колонизора на Марс, албанците од Tетово преку вандализам и рушење на сé што е македонско се враќаат во камено доба“, реагираат од Левица.
„Имено, осквернавени се поставените плочи во чест на масакрираните бранители во Вејце од 2001 година, кои ги поставија лидерите на Левица – Апасиев и Крмов, но и другите присутни. Секоја година сликата е иста, а државниот врв е нем и глув на уринирањето врз историјата и државноста од страна на албанското малцинство кое дивее врз државата која ги храни и вдомила. Сите функционери целите кон Европа и Запад, а самите знаете дека со ваков ‘соживот’ не се оди никаде. Се сликате по медиуми и со претставници на Европската заедница, а општеството ви е труло. Вечна им слава на македонските бранители, гробот вечно ќе им се знае, бидејќи не можете толку да искршите колку што ние може да поставиме“, порачуваат од партијата.