Тридневен марш на Левица, од Гевгелија до Скопје, во чест на 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Утринава, тим составен од високи претставници од Централниот комитет на Левица, тргна од Гевгелија на тридневен марш кон вечното почивалиште на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Претседателот на партијата – Димитар Апасиев, како и членови на секторот за спорт, синоќа го посетиле тимот за време на последните подготовки во седиштето на огранокот Левица – Гевгелија, и му посакале успех на маршот, кој е во вкупна должина од над 150 километри, информираат од Левица.

Тимот, инаку, е предводен од советникот Саше Јанчев, кој по трети пат го води маршот, а оваа година дополнително засилување се и Реџеп Исмаил – Хактан, Александар Симонов и Амар Мециновиќ. Делницата е на потегот од Гевгелија – Демир Капија – Велес – Скопје, до гробот на Гоце Делчев во Св. Спас, а попатно ќе им се приклучат и други членови од локалните ограноци на Левица низ Македонија.

Прочитајте и:  Реакција на ЗНАМ на соопштението на Левица за назначувањето на Јанески за директор на КПД Прилеп

Тимот се очекува да пристигне во Скопје во проширен состав на денот на одбележување на 120 годишнината од смртта на Делчев, на 4. мај, каде ќе бидат пречекани и претставниците на Левица заедно со нив ќе се поклонат пред вечното почивалиште на македонскиот херој, учител и револуционер, Гоце Делчев.

„Им посакуваме успех и лесни нозе и ги очекуваме во Скопје, на 4. мај“, порачаа од партијата.

- Реклама -