Благодарение на топлата зима, ЕУ зимава ја намалила потрошувачката на гас за 18 отсто

Земјите од Европската Унија ја намалија потрошувачката на гас оваа зима за 18 отсто, со што ги надминаа планираните заштеди од 15 отсто во најстудените месеци.

Вкупната потрошувачка на гас во 27-те земји на ЕУ е намалена за 17,7 отсто од август до март, во споредба со петгодишниот просек за истиот период, покажуваат податоците објавени од канцеларијата за статистика на ЕУ, Евростат.

Минатата година земјите од ЕУ поставија цел да ја намалат потрошувачката на гас за 15 отсто од август до март. Целта беше една од бројните итни мерки на ЕУ донесени по прекинот на испораките на руски гас по воената инвазија во Украина во февруари 2022 година и експлозиите на гасоводот Северен тек во септември истата година.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

Повеќето земји од ЕУ ја исполнија целта од 15 проценти, а сите освен Малта ја намалија употребата на гас во тој период, во голема мера благодарение на релативно топлата зима.

МИА

- Реклама -