ЕУ даде зелено светло за реконструкција на главната климатска политика

Земјите-членки на Европската унија денеска конечно ја одобрија досега најголемата реконструкција на европскиот пазар на јаглерод, со која ќе бидат поголеми трошоците на загадувачите, а ќе се зајакне способноста на Унијата да ги намали емисиите на јаглерод диоксид.

Првиот голем систем во светот за тргување со емисиите на стакленички гасови ги принуди електраните и фабриките да купуваат дозволи кога испуштаат CO2 од 2005 година и ги намали емисиите од тие сектори за 43 проценти.

Членките на Унијата го одобрија договорот, договорен минатата година од преговарачите од Европскиот парламент и земјите – членки, со кој ќе се реформира пазарот на јаглерод со цел да се намалат емисиите за 62 отсто од нивоата забележани во 2005 година до 2030 година, со цел да се постигнат климатските цели на ЕУ.

Прочитајте и:  Недостигот на вода за наводнување - нов предизвик за јужна Европа

Одобрувањето на земјите-членки по речиси две години преговори во рамките на Унијата значи дека законот наскоро ќе стапи на сила.

Европскиот парламент го одобри договорот минатата недела.

МИА

- Реклама -