Анестезиологот од тетовската болница, кој беше приведен затоа што снимаше пациенти и во живо пренесувал на ТикТок, и претходно несовесно се однесувал на работа, но тоа никаде не било запишано и не била покрената никаква постапка. Имено, тој одел на работа под дејство на наркотици, но немало кој да го санкционира зашто болницата немала формирано дисциплинска комисија. Вакви непотврдени информации имал и ги сподели денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, пренесува „Фокус“.
„Замислете, немало ниту дисциплинска комисија во таа болница. Не знам зошто“, изјави Меџити, со ветување дека тој и неговиот тим ќе ги променат работите и ваквите проблеми ќе се решат, а постапките најстрого ќе се санкционираат.
„Жалам што тој настан се случи“, рече Меџити, потсетувајќи дека е разрешен директорот, како и дека лиценцата на анестезиологот ќе му биде одземена на седум години, а по завршувањето на судењето – можеби и доживотно.
Извор: ФОКУС