ТАСС: Москва користи камери за препознавање лица за да регрутира војници

Московските власти користат систем за препознавање лица за да пронајдат мажи на возраст за воена служба, објави денеска ТАСС, повикувајќи се на главниот службеник за регрутирање во градот.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела потпиша закон со кој се наметнуваат построги ограничувања за оние кои избегнуваат регрутирање и предвидува испраќање повици за служење војска по електронски пат наместо лично.

Тоа ќе им отежне на илјадници мажи на возраст меѓу 18 и 27 години кои секоја пролет и есен се обидуваат да ги избегнат службениците кои ги бараат заради служење воен рок или за војната во Украина како дел од мобилизацијата објавена минатата година.

„Со цел да се одреди местото на живеење на регрутите, во Москва се користат системи за видео надзор“, изјави за ТАСС главниот службеник за регрутирање во градот Максим Локтев.

Прочитајте и:  Столтенберг: Кина да престане да ја поддржува Русија

Канцеларијата за информатичка технологија на Москва во 2017 година објави дека повеќе од 3.000 камери за надзор во градот се поврзани со систем за препознавање лица.

МИА

- Реклама -