„Само“ 32 проценти од Американците се за реизбор на Бајден

Помалку од една третина од Американците сакаат реизбор на актуелниот американски претседател Џо Бајден на изборите следната година, покажуваат резултатите од анкетата објавени вчера од американскиот телевизиски канал Си-Ен-Ен.

Резултатите од анкетата покажуваат дека 42 отсто од испитаниците позитивно ги оценуваат активностите на Бајден како претседател. Во јануари тој беше поволно оценет од 45 проценти. Истражувањето покажува и зголемување на незадоволни граѓани од работата на претседателот од 55 отсто во јануари сега на 57 проценти.

Покрај тоа, 67 отсто од анкетираните оцениле дека здравствената состојба на Бајден не му дозволува ефикасно да ги извршува своите должности, а за 65 проценти од испитаниците тој не влева доверба.

Прочитајте и:  Зеленски ги прозва САД: Украина доби само десет отсто од американската воена помош одобрена од Конгресот

Севкупно, само 32 отсто од анкетираните рекле дека Бајден заслужува да биде реизбран. Поддршката за Бајден е најмала кај Американците помлади од 35 години. Само 26 отсто од нив изјавиле дека Бајден е достоен за реизбор.

Анкетата беше спроведена пред да биде обвинет поранешниот претседател Доналд Трамп.

Извор: МИА

- Реклама -