САД: За време на воена вежба, ФБИ и американската војска упаднале во погрешна хотелска соба

За време на заедничка вежба, припадници на Федералното истражно биро (ФБИ) и Војската на САД упаднале во погрешна хотелска соба.

Како што известува Си-Ен-Ен, тие упаднале во погрешна хотелска соба и привеле погрешна личност.

Во инцидент што се случил во Бостон, припадници на ФБИ и специјалните сили упаднале во погрешна хотелска соба за време на вежба. Бостонската полиција соопшти дека инцидентот се случил во хотелот Revere Boston Common.

Пријавено е дека теренските тимови биле испратени во погрешна просторија врз основа на лажни информации и привеле некој друг наместо лицето кое требало.

ФБИ соопшти дека за време на инцидентот нема повредени.

Потполковникот Мајк Барнс од Командата за специјални операции на американската армија (USASOC) рече дека му се извинуваат на лицето кое погрешно било вклучено во вежбата.

Прочитајте и:  Запрен судскиот процес против Трамп за обидите да го поништи резултатот од изборите во 2020 година

Барнс посочи дека вежбата имала за цел „да ја подобри способноста на војниците да служат во реални и необични средини“ и дека инцидентот се истражува.

МИА

- Реклама -