Шведско обвинителство: Сè уште не е јасно кој стои зад експлозиите на гасоводот Северен тек

Останува нејасно кој стои зад експлозиите на гасоводот „Северен поток“ што ги поврзува Русија и Германија, соопшти денеска шведското обвинителство, кое го истражува случајот.

Експлозиите се случија минатата година и доведоа до испуштање гас во Балтичкото Море.

„Ние работиме без престан и бараме насекаде, не оставајќи ништо на случајноста“, се вели во соопштението на обвинителот Матс Љунгквист.

„Нашата надеж е да откриеме кој го извршил злосторството, но треба да се забележи дека ова веројатно ќе биде тешко со оглед на околностите“, додаде тој.

МИА

Прочитајте и:  Кулеба: Војната во Украина нема брзо да заврши
- Реклама -