Лавров: САД „ја ослободија“ ЕУ од руската зависност, затоа енергенсите им се сега трипати поскапи

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Европската унија може да им се заблагодари на САД што ги ослободија од зависноста од руските енергетски ресурси, поради што трошоците за енергенси сега се тројно зголемени.

Лавров потсети на неодамнешните изјави на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која ѝ се заблагодари на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за помошта на ЕУ „да се ослободи од зависноста од руските фосилни горива“.

Тој оцени дека таа „слобода“ треба да се гледа низ призмата на трошоците за енергенси кои се зголемуваат за повеќе од трипати.

„Во меѓувреме, оние од ЕУ се обидуваат целата вина за ситуацијата со која се соочуваат да ја префрлат на Москва“, рече Лавров.

Прочитајте и:  Британски министер: Русија може да ја нападне нашата енергетска мрежа

Министерот за надворешни работи на Русија истакна дека една од целите на хибридната војна на Западот е демонизирање на Русија во очите на светската заедница.

МИА

- Реклама -