Германската „Рајнметал“ преговара со Киев за отворање фабрика за тенкови на територијата на Украина

Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ преговара со Киев за отворање фабрика за тенкови на територијата на Украина.

Според шефот на компанијата – Армин Пејпергер, разговорите со Украина се „ветувачки“ и тој се надева дека одлуката ќе биде донесена „во следните два месеци“.

„Фабрика на Рајнметал може да се изгради во Украина за околу 200 милиони евра“, рече Пејпергер, додавајќи дека таквата фабрика „може да произведува до 400 борбени тенкови од типот „Пантер“, годишно, пишува „Шпигел“.

Шефот на „Рајнметал“, исто така, е уверен дека фабриката на тлото на Украина може да се заштити од руските воздушни напади.

Извор: МИА
Фото/Видео: Рајнметал

Прочитајте и:  Павел: Нема мир во Украина без Русија и Кина на преговарачката маса
- Реклама -