Руско MO: Се урна беспилотно летало во Московската област, две се соборени на југот на Русија

Беспилотно летало „се урнало“ денеска во село во московската област, изјави локалниот гувернер, прецизирајќи дека направата најверојатно била насочена кон цивилна инфраструктура.

Руските власти денеска соопштија за неколку соборени украински беспилотни летала на територијата на Русија.

„Нема жртви ниту разурнувања на теренот“, изјави гувернерот Андреј Ворбојов преку Телеграм, наведувајќи дека дронот се урнал во близина на градот Губаково, на околу 100 километри југоисточно од Москва.

Москва денеска соопшти дека во текот на ноќта соборила две украински беспилотни летала „кои биле насочени кон цивилна инфраструктура“ на југот на Русија.

„Киевскиот режим се обиде со две беспилотни летала да ги нападне локациите на цивилната инфраструктура во Краснодарската област и во Република Адигеја“, соопшти руското Министерство за одбрана, според кое двете беспилотни летала биле „неутрализирани“ и не е предизвикана штета.

Прочитајте и:  Намалената реколта на пченица во ЕУ ја засилува „русификацијата“ на глобалниот земјоделски пазар

Инаку, денеска рускиот аеродром „Пулково“ во Санкт Петербург привремено ги укина сите летови, а прекинот траеше нешто повеќе од еден час.

Како што јави Ројтерск, голем број авиони за Санкт Петербург  се вратиле на местата од каде тргнале. Најмалку пет авиони кои летале од Москва кон Санкт Петербург биле вратени назад откако првично кружеле во воздух. Немаше официјално соопштение за причината, но рускиот информативен сајт „База“ објави дека на небото е забележан неидентификуван објект и дека се испратени борбени авиони.

Извор: МИА

- Реклама -