Орбан: Русија е нуклеарна сила, не може да победи во Украина но и не може да биде ставена во ќорсокак

Русија не може да ја победи Украина бидејќи целиот западен свет се построи зад Киев, но истовремено Русија е нуклеарна сила и опасно е да биде ставена во ќорсокак, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан, повикувајќи на итни преговори за мир.

Тој ја нагласи потребата што побрзо да се воспостави примирје во Украина и да започнат мировните преговори.

„Русија не може да победи, бидејќи целиот западен свет се построи зад Украина. Во исто време, Русија е нуклеарна сила и нуклеарните сили не можат да бидат ставени во ќорсокак, бидејќи тие можат да предизвикаат нуклеарна војна. Ни треба примирје и мировни преговори. Колку побрзо, толку подобро“, напиша Орбан на Твитер.

Прочитајте и:  Намалената реколта на пченица во ЕУ ја засилува „русификацијата“ на глобалниот земјоделски пазар

Утре (24 февруари) навршува годишнината од руската инвазија на Украина.

Извор: МИА

- Реклама -