Македонец ќе отвора бугарски клуб во Валандово – немал бугарски корени, само сака да им помогне на Бугарите во Македонија

За две недели, откако ќе заврши реновацијата на предвидениот деловен простор, во Македонија, конкретно во Валандово, ќе никне уште еден бугарски „културен клуб“, објави „А1он“.

Одговорен на клубот ќе биде Ѓорѓи Петровски, кој за разлика од претседателите и секретарите на претходните бугарски клубови вели дека не се чувствува како Бугарин и нема бугарско државјанство, но кој, како што рекол во изјава за порталот, се ангажирал едноставно за да им помогне на Бугарите во Валандовскиот регион затоа што „се соочуваат со проблеми тука“.

За разлика од претходно отворените бугарски „култуни клубови“ како „Иван Михајлов“ и „Цар Борис Трети“, новиот бугарски клуб, барем според наведеното од „А1он“, нема да носи име што ќе ги навредува чувствата на Македонците и истиот ќе биде регистриран согласно новиот Закон за здруженија.

Повеќе детали и целосната изјава на Петровски за „А1он“, ТУКА.

- Реклама -