Димитриевски: Во опозиција познавав еден Заев, на власт запознав нов

Експремиерот и лидер на СДСМ – Зоран Заев, не бил причината за судирот на актуелниот градоначалник на Куманово – Максим Димитриевски, со партијата. Неговиот судир, како што вели Димитриевски во интервју за „Фокус“, бил со раководството во партијата поради политиките што ги спроведувало.

Во однос на Заев, Димитриевски вели дека тој бил поинаков додека бил во опозиција, наспроти кога дошол на власт.

„Во опозицијата познавав еден Заев, во периодот на власта запознав нов. Заев спроведуваше лоши политики во периодот на власт. Ние имавме колосални разлики во политиките и начинот на практикување власт. Веројатно ваквото практикување на власт беше причината за мојата елиминација од највисоките партиски органи.

Но, на таквите одлуки заткулисно секогаш кумуваа други поединци, кои вешто и умешно се криеја зад неговото име, нив јавноста ги знае, а особено партиското членство во СДСМ, моите партиски другари со кои заедно поминав многу“, вели Димитриевски во интервјуто, кое во целост можете да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус“.

- Реклама -