Русија ќе се фокусира на ставање крај на западниот монопол на глобалните прашања, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Нашиот надворешнополитички концепт ќе се фокусира на потребата да се стави крај на монополот на Западот во обликувањето на рамката на меѓународниот живот“, рече Лавров во Думата, Долниот дом на рускиот Парламент.
Неговите коментари следат по оние на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вчера, кој зборуваше за решеноста на САД да го одржи „поредокот заснован на правила“ ширум светот.
МИА