МОК: Украина да престане да се заканува со бојкот на Олимписките игри ако настапат руски спортисти

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах, ја повика Украина да престане да се заканува со бојкот на Олимписките игри 2024 во Париз во случај на нив да настапат спортисти од Русија и Белорусија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно го повика МОК да ѝ забрани на Русија настап на Олимписките игри, а барањето го поддржаа националните олимписки комитети на балтичките и нордиските земји.

На овие барања Бах одговори со испраќање писмо до претседателот на Олимпискиот комитет на Украина, Вадим Гутсаит, во кое ги оцени како „навредливи“ тврдењата дека дозвола за настап на руски и белоруски спортисти би било знак на поддршка на руската инвазија.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони

Од МОК порачаа дека бојкотот би претставувал кршење на Олимписката повелба, а оти вклучувањето на руски и белоруски спортисти се темели на резолуцијата на Обединетите нации против дискриминација внатре во олимпиското движење.

„Учество на неутрални спортисти со руски и белоруски пасоши на Олимписките игри 2024 во Париз сè уште не е ниту разгледувано“, напиша Бах.

МИА

- Реклама -