Казахстан го укинува неограничениот престој на Русите

Алмати, 17 јануари 2023 (МИА) – Од 26 јануари властите на Казахстан повеќе нема да дозволуваат неограничен престој на руските граѓани и најавуваат воведување на т.н. визните контроли на секои три месеци, пропишано е со новата директива на казахстанската влада.

Од 26 јануари граѓаните на Русија и граѓаните на другите земји-членки на Евроазиската економска унија ќе треба да ја напуштат територијата на Казахстан најмалку 90 дена по истекот на дозволениот тримесечен престој.

Министерството за внатрешни работи на Казахстан, кое ја предложи оваа промена, соопшти дека спроведувањето на оваа мерка ќе и овозможи на земјата поголем степен на контрола врз имиграцијата.

Десетици илјади Руси пристигнаа во Казахстан минатата година поради конфликтот во Украина.

Прочитајте и:  Фицо: Во Украина се борат нацистички трупи, меѓународната заедница не реагира

Властите во Казахстан соопштија дека невообичаено големиот прилив на руски граѓани придонесува за инфлацијата, која минатата година достигна 20 отсто, што е највисока од 1990-те.

- Реклама -