Жоао Феликс доаѓа во Челси – „сините“ се договориле со Атлетико за заемот!

Португалската ѕвезда Жоао Феликс, најскапиот фудбалер во историјата на Атлетико Мадрид ќе ја продолжи кариерата во лондонски Челси, барем во следните шест месеци, објави најугледниот новинар во Англија, Дејвид Орнштајн од „Атлетик“.

Според информациите на новинарот кој во Англија е „гуру за трансфери“ како Италијанецот Фабрицио Романо, Челси и Атлетико Мадрид се договориле за заемот до крајот на сезоната за кој „сините“ ќе платат 11 милиони евра.

- Реклама -