Мицкоски: Очекуваме ова да биде изборна година

„Очекуваме ова да биде изборна година“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Неготино.

„Како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ме интересираат предвремени парламентарни избори за да може граѓаните да изберат влада, а не да имаат наметнат премиер кој други им го поставиле“, додаде тој.

Прашан како го коментира таканаречениот план на СДСМ за предвремени избори, Мицкоски рече дека тоа се внатрешни случувања во СДСМ, додека него, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, го интересираат предвремени парламентарни избори за да може, како што нагласи, на Македонија и на граѓаните да им тргне напред.

„Јас нема да коментирам случувања во СДСМ и во другите политички партии. Имам еден принцип што го задржувам секогаш во начинот на моето политичко функционирање, а тоа е дека не треба да им го правиш на луѓето тоа што не сакаш луѓето тебе да ти го прават, така што тоа си е нивна автономна работа, исто како што и гледам и во некои други политички партии. Она што мене ме интересира како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, е, конечно, ќе повторам, да има предвремени парламентарни избори за да може на Македонија да и тргне напред, да им тргне на граѓаните во Македонија напред и да добијат влада која што ќе ја изберат, а не премиер кој што ќе го постават неколкумина коишто така решиле да биде“, рече Мицкоски.

Прочитајте и:  Мицкоски: Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот, ќе се покаже кои се пратениците

Тој денеска „работно ја започна годината“ од Неготино, каде беше во обиколка за да се види, како што рече, што е тоа што актуелно се работи и да се направи план за претстојната година во која, како што нагласи, се очекува да се реализира најголемиот дел од програмата ветувана за време на кампањата во 2021 година за локалните избори.

- Реклама -