Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека дипломатијата преовлада во деескалацијата во северно Косово, откако денеска беа отстранети барикадите кај контролниот пункт Рударе во северно Косово.
„Дипломатијата преовлада во деескалацијата на тензиите во северно Косово. Насилството никогаш не може да биде решение. Го поздравувам одговорното раководство на претседателот Вучиќ и премиерот Курти. Одлична тимска работа на ЕУ, САД и КФОР. Благодарност до сите што беа вклучени! Сега ни треба итен напредок во дијалогот“, напиша Борел на Твитер.
МИА