Челси му нуди нов договор на Жоржињо, ама тој сака само да се врати во – Наполи!

Италијанскиот репрезентативец Жоржињо влегува во последните шест месеци од договорот со лондонски Челси и како стојат работите скоро извесно е дека нема да остане во Лондон, иако според последните најави добил понуда за нов договор.

Менаџерот на Жоржињо, Жоао Сантош потврди дека има понуда неговиот клиент за нова соработка на „Стемфорд бриџ“, арно ама и англиски и италијански медиуми веќе најавуваат дека фудбалерот за врска донел одлука да си замине. И за него интерес покажуваа Барса, Њукасл, Јувентус, но Жоржињо сака само да се врати во Наполи.

- Реклама -