И ова го има во Аргентина: Со петиција бараат Хулијан Алварез да ѝ раскине на девојката!

Аргентинците тотално полудеа од минатата недела откако „гаучосите“ по 36 години ја освоја светската титула предводени од Лионел Меси, па се преврте земјата наопаку, десет дена по освојувањето на круната сè уште се слави, ама во мода се посебно петициите.

Една скоро милион евра ја потпишаа Аргентинците за Франција да престане да плаче, откако Французите почнаа со таква за преигрување на финалето, ама оваа најновата е нешто невидено и неверојатно. Преку 20.000 Аргентинци се потпишале досега на петиција, младата ѕвезда Хулијан Алварез, кој даде четири гола на СП, да ѝ раскине на својата девојка.

- Реклама -