Лавров: Украина добива сѐ повеќе и подобро западно оружје, работиме на нови планови

Фото: Руски ракети собрани во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека војската работи на нови планови за прекинување на испораката на оружје и муниција за украинската армија од странство, јави ДПА.

„Воочуваме дека Украина добива сѐ повеќе и подобро западно оружје. Затоа, има повици меѓу воените експерти да се прекинат овие рути за снабдување“, рече Лавров во интервју за руската телевизија.

Се разгледуваат „железнички линии, мостови и тунели“, истакна тој.

„Претпоставувам дека тие ќе донесат професионални одлуки како да ги отежнат овие испораки или, идеално, целосно да ги запрат“, додаде тој.

Според Лавров, воените експерти веќе работат на тоа со нападите врз украинската инфраструктура.

„Нарушувањето на енергетската мрежа веќе отежнува испорака на ново оружје и јас сум убеден дека има и други планови кои се применуваат во овој поглед“, оцени шефот на руската дипломатија.

Прочитајте и:  Путин: Русија истрела балистичка ракета со среден дострел кон Украина

Извор: МИА

- Реклама -