Малдини го изнасмеа светот на прашање за Меси

Откако најголем дел од легендите и медиумите го прогласија Лионел Меси за најдобар фудбалер на сите времиња после освојувањето на светската круна со Аргентина, па додека пристигнуваат пофалби од сите страни, италијанската легенда на Милан, Паоло Малдини го изнасмеа светот со одговорите за Аргентинецот.

Малдини, кој целата своја кариера ја мина во црвено-црниот дрес го прашаа за најдобрите фудбалери во историјата против кој има играно, па почна да ги реди великаните…

„Најдобрите фудбалери против кои имам играно? Марадона, Бразилецот Роналдо и Платини“, почна Малдини, па продолжи:

„Не можев да играм против Меси, зашто беше повреден“, додаде Италијанецот

„Имал среќа“, го прашал новинарот Малдини.

По што следел епски одговор.

„Не, јас имав среќа“, додал Малдини

- Реклама -