Кирјос вели дека е исцрпен и смета дека со поголем број на победи се добиваат и повеќе обврски, а имаше коментар и за Австралијан опен.
„Колку повеќе победувате, толку повеќе луѓето очекуваат од вас. Се подготвувам за следните предизвици, имаме три недели за да влезам во форма. Австралијан опен, според мене, е 95 отсто стрес и само пет проценти возбудување“, кажа Кирјос.
Турнирот во Мелбурн ќе почне на 16 јануари идната година.