Северна Кореја демантира дека испорачала оружје за Русија: „Тоа е најапсурдна лага“

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги отфрли тврдењата за наводна испорака на оружје за Русија.

„Лажната информација на јапонските медиуми дека КНДР ѝ понудила муниција на Русија е најапсурдна лага, што не е достојна за никаков коментар или толкување“, рече портпаролот на Министерството во соопштението на англиски јазик објавено од државната администрација.

Координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, вчера изјави дека Северна Кореја ѝ доставила оружје на руската групација „Вагнер“ и дека планира уште испораки.

Според администрациајта на САД, тоа е знак дека се проширува улогата на групата во конфликтот.

„Можеме да потврдиме дека Северна Кореја ја спровела првата испорака оружје за ’Вагнер’, кои платија за опремата. Минатиот месец, Северна Кореја испорача пешадиски ракети и проектили во Русија за употреба од страна на ’Вагнер’“, изјави официјален претставник, додавајќи дека САД, сепак, не сметаат дека испораките од Северна Кореја ќе ја променат динамиката на бојното поле, но дека „се загрижени дека Северна Кореја планира  да испорача повеќе опрема“.

Прочитајте и:  „Фајненшл тајмс“: Русија регруирала стотици Јеменци во војната против Украина

Според САД, испораката на оружје од Северна Кореја е директно кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и тие планираат да го покренат тоа прашање токму пред Советот за безбедност.

Извор: МИА

- Реклама -