Бразил ќе го чека Мурињо до крај на јануари да им каже дали сака да биде селектор!

Најтрофејната светска нација Бразил го сака Жозе Мурињо за селектор, иако контроверзниот Португалец е под договор со италијанска Рома, но „кариоките“ не се откажуваат од идејата да го намолат за да седне на кормилото.

Бразил моментно нема кормилар откако селекторот Тите после испаѓањето на СП во Катар од Хрватска на пенали во четвртфиналето и официјално си замина од функцијата, нешто што претходно го најави, па сега Бразилците се во потрага по нов селектор.

И според италијанска „Ла Република“, Бразил сериозно е загреан за Мурињо, за кого и Португалија исто така го посакува откако Фернандо Сантош доби отказ само една недела по елиминацијата во четвртфиналето на СП на „европските Бразилци“.

- Реклама -