Г7 вети 32 милијарди долари помош за Украина во 2023 година

Групата богати земји Г7 вети до 32 милијарди долари помош за Украина следната година, соопштија нивните министри за финансии во заедничката изјава, денеска додавајќи дека се подготвени да дадат повеќе доколку е потребно.

„Остануваме силно посветени на итните краткорочни финансиски потреби на Украина“, рекоа министрите, охрабрувајќи ги другите донатори да го зголемат својот придонес за земјата разурната од војна.

Ветувањето од 32 милијарди долари од земјите од Г7 вклучува 19 милијарди долари од Европската унија, се наведува во соопштението за медиумите.

Оваа сума или е делумно исплатена или исплатата за Украина е во тек, се вели во соопштението на министрите на САД, Канада, Јапонија, Германија, Франција, Италија и Велика Британија.

Прочитајте и:  Мицкоски: Очекуваме час поскоро да се стави крај на оваа руска агресија и да можеме нормално да функционираме и да се развиваме
- Реклама -