Естонија испраќа мобилна сауна за украинските војници на фронтот

„Естонците уште повеќе ја зајакнаа поддршката за украинската армија“ – за Божик војниците ќе добијат преносна сауна, јави ДПА.

Парната соба, поставена на воено возило, неодамна ѝ беше предадена на украинската армија заедно со туш и перална поставена на два други камиони, се вели во извештајот на естонската јавна радиодифузна компанија и неделникот Малехт.

„Тоа е комплекс од три дела што ѝ овозможува на војската да оди во сауна, потоа да се тушира ​​и да се одмори, а во исто време може да ја испере и исуши својата облека“, објасни креаторот на сауната, Сим Нелис, додавајќи дека тоа е многу важно за нивното ментално и физичко здравје.

Прочитајте и:  Песков: САД не се најдобрата дестинација за патување на рускиот претседател

Подарокот први ќе го добијат украинските волонтери кои се на фронтот од март. Објектот може да се преместува од место до место и да се покрие со камуфлажна мрежа за да се избегнат руските напади.

Сауната и пералната ќе бидат доволни за околу 400 воени лица неделно.

МИА

- Реклама -