Путин дури три пати го одложувал нападот, но преовладало инсистирањето на ФСБ – тврди украинското разузнавање

Рускиот претседател Владимир Путин трипати ја одложувал целосната инвазија врз Украина. Иницијатор на нападот била Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Руската Федерација, тврди Вадим Скибицки, заменик-началник на Одбранбената разузнавачка служба на Украина, во интервју за германскиот весник „Билд“.

„Според нашите информации, нападот бил одложуван трипати, последен пат во средината на февруари“, рече тој.

Според Скибицки, Путин постојано разговарал за идејата за инвазија со Валери Герасимов – началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, и Сергеј Шојгу – министерот за одбрана, но ФСБ била таа која инсистирала.

„Тие (офицерите на ФСБ) беа сигурни дека се доволно подготвени за инвазијата. Тие вложија огромни ресурси и го туркаа Герасимов да нападне“, посочи тој.

Прочитајте и:  Фицо: Во Украина се борат нацистички трупи, меѓународната заедница не реагира

Колку била погрешна нивната проценка, според Сибицки, говори и податокот дека руските единици за време на нападот на Киев имале залихи на храна, муниција и гориво за само три дена.

„Сите први цели не успеаја. Не можеа да го опкружат Киев, ниту да ги заземат Суми, Чернихив и Харков“, заклучи тој.

Извор: МИА

- Реклама -