Лусаил, 18 декември 2022 (МИА) – Селекторот на Франција, Дидие Дешамп даде свое видување за вечерашното финалето со Аргентина на Светското првенство 2022.
Франција загуби на пенали, иако се врати по 0:2 и во продолженијата по 2:3.
„Сега има уште повеќе жалење отколку да загубивме со 3:0. Тогаш немаше да има за што да се зборува. Не го направивме тоа што требаше да го направиме цел час, но потоа покажавме храброст, енергија, умешност. Меѓутоа, како заврши сето тоа? Загубивме, но ако допрете нешто, а тоа ви се лизне од раце, само станува потешко. Ќе мора да се помириме со ова. Направив рани замени бидејќи не бев среќен, мислев дека можеме подобро. Тоа не значи дека заменетите играчи се повеќе виновни од другите. Од различни причини не успеавме да ги покажеме нашите сили, но нема да навлегувам во детали. Успеавме да ја превртиме многу тешката ситуација благодарение на умешноста и волјата, но тоа не беше доволно“, рече Дешамп на „TF1“.
По натпреварот, претседателот на Франција, Емануел Макрон го замоли Дешам да остане на селекторското место на „триколорите“.