Побарувачката е огромна, а од централата на „Адидас“ објавија дека никаде во светот повеќе нема дресови со легендарната „десетка“ за продавање.
Се потврдува дека сите залихи се продадени, дури и тоа во најоддалечените места на планетата. Луѓето од „Адидас“ се во шок и потенцираат дека вакво нешто им се случува првпат во богатата историја на компанијата за производство на спортска опрема.