Тој во денешниот осминафинален дуел од грчкиот куп против Атромитос (4-1) двапати на фантастичен начин ја затресе мрежата на противникот. Марсело првпат погоди во 50. минута за водство 2-1, а петнаесетина минути подоцна со вистинско ремек-дело го постигна конечниот резултат.