Рагреги: Го дадовме најдоброто, тоа е најважно – не сме далеку од врвот!

Мароканскиот селектор Валид Рагреги изјави дека не жали за поразот од Франција во полуфиналето на СП во Катар со 0-2 и покрај желбата да продолжи неверојатната бајка на северноафриканскиот тим.

Мароко испиша историја на овој 22-ри Мундијал како прва африканска селекција со полуфинале, а Рагреги како прв африкански селектор со ваков успех, но ново светско чудо не се случи против светскиот првак.

„Го дадовме најдоброто од себе и тоа е најважно! Имавме неколку повредени, но сите што играа дадоа сè, спеавме да се вратиме во мечот и во првиот дел, игравме уште подобро во вториот дел, се обидувавме да израмниме, но тоа е фудбалот“, рече Рагреги.

- Реклама -