ФФМ потврди: Работнички е драстично оштетен со Шкупи!

Тоа што на цела македонска јавност ѝ беше јасно уште за време на мечот дека судиите го ограбија Работнички на скопското дерби со Шкупи во неделата во последното есенско коло, денеска доби потврда и од судиската комисија на Фудбалската федерација на Македонија – дебармаалци дадоа чист гол!

Десет минути откако Шкупи поведе на мечот, после еден корнер во 17-та, Анес Рушевиќ постигна гол, кој арбитрите предводени од Стојан Трпчевски го поништија зашто видоа гол, иако ситуацијата беше очигледна дека нема недозволена ситуација. Не помогнаа бурните реакции, а сега од ФФМ како и многупати есенва ја признаа грешката на главниот судија и неговиот помошник.

„На натпреварот Фк.Работнички-Фк.Шкупи одигран на 11.12.2022 година, анализирана е ситуацијата од 17 минута. Главен судија: Стојанче Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.

- Реклама -