„За Лео Меси се бориме како 'лавови' – сè ќе направиме за него!“

Аргентина веќе 36 години чека на светска слава, уште од ерата на Диего Марадона, па стигна на чекор на последниот Мундијал за Лионел Меси до ново финале и третпат да се круниса за светски шампион.

Аргентинците се фанатици за фудбал, се гледа тоа во Катар и со огромната навивачка армија, ама дополнителен мотив на сите во таборот на „гаучосите“ е да го направат својот лидер и капитен Меси – најдобар на сите времиња. Меси нема што не освои во величенствената кариера, после 28 години Аргентина стана и јужноамерикански првак за прв голем репрезентативен трофеј на Меси и му недостига само „златната божица“.

- Реклама -