Тоне ли бродот на Жељко? Партизан загуби и шести пат во последните седум меча!

Кошаркарите на Партизан продолжуваат со лошите игри во серија, откако вечерва загубија на гостувањето кај Цедевита Олимпија (74-77) во дербито на 10. коло од АБА-лигата.

Тоа беше втор пораз за црно-белите во регионалното натпреварување, а воедно и шести во последните седум средби во сите конкуренции, што дефинитивно ќе значи палење на црвеното светло во четата предводена од легендарниот Жељко Обрадовиќ. Тимот од Љубљана заслужено дојде до триумфот со оглед што водеше во поголем дел од средбата, иако белграѓани на неколку минути до крајот имаа и плус четири (72-68). Следуваше серија 9-2 на домашната екипа со која дојде до огромната победа и истовремено ја продлабочи кризата во таборот на Партизан.

- Реклама -