Лондончанец во Катар успеа да ги гледа – сите мечеви! (ВИДЕО)

Англичанецот Бен Блек од Лондон е победник на овој 22-ри Мундијал кој влегува во последната највозбудлива недела со полуфиналињата и финалето, зашто успеа да ги гледа сите мечеви на Светското првенство, досега вкупно 60 од 64-те во 29 дена.

Блек ќе се запише во светската историја како единствен навивач кој успеал да види буквално сè во Катар, од воведното отворање на 20 ноември со мечот Катар – Еквадор, па заклучно со неделното финале.

И мајсторијата е што успеа да стигне на секој меч во најтесниот период кога од 13 часот до 22 часот по катерско време гледаче по четири меча двенвно во двонеделниот маратон со првото и второто коло, а потоа успевал да стигне и на мечевите во ист термин да одгледа по едно полувреме, што е неверојатно.

- Реклама -