На Роналдо очигледно не му се допадна тоа што Сантош му даде мала минутажа на дуелот против Јужна Кореја, па го искажа својот револт.
„Во што е проблемот? Не знам, можеби се чувствува како да има 20 години, но тој се грижи за неговото тело во текот на цела кариера и со право се лути. Јас го тренирав две години и никогаш не сум имал проблеми со него. Тренира како што треба, се грижи за секој детал. Мене ми беше лесно да го тренирам, Роналдо е неверојатен фудбалер“, кажа Анчелоти.