„Хрватите ќе се фрлаат и на глава ако треба, Сантош ја прати пораката – никој не е над тимот“

Најуспешниот македонски селектор во историјата Игор Ангеловски, човекот под чија палка ланското лето Македонија првпат играше на едно големо натпреварување, Еуро 2020 е ваш и наш стручен коментатор за Светското првенство во Катар и ги анализира збиднувањата на најголемито фудбалски фестивал. Ангеловски беше македонски селектор цели пет ипол години и од Хрватска посебно ќе ја долови атмосферата кај актуелните светски вицешампиони.

За разлика од групната фаза на Светското првенство, видовме во ова осминафинале многу подобар и поефикасен фудбал што го покажува и самата статистика (28 гола, просек 3,5 по меч). Очигледно е дека репрезентациите уфрлија во поголема брзина и се виде разликата во квалитет, освен во случајот со Шпанија, каде што Мароко заслужено победи.

Сите што се тука во четвртфиналето го заслужија пласманот, а од тие што беа планирани како Шпанија и Германија, не заслужија според игрите да се најдат, зашто противниците беа подобри.

- Реклама -