Пристигна тим за санкции од Вашингтон за да чешла поранешни и актуелни корумпирани актери, САД сакаат да видат дека „никој не е над законот“

Од Вашингтон пристигнал тим за санкции за да изврши „поагресивен увид“ во поранешните и актуелните актери на корупција и, истовремено, да ги разгледа „сите можни одговори“, соопшти денеска американската амбасадорка во земјава – Анџела Прајс Агелер.

Дополнително, Агелер порача дека треба да се покаже во пракса дека никој не е над законот:

„Правосудниот сектор на Северна Македонија има потреба од повеќе истраги и гонења, за да се покаже дека никој не е над законот“, напиша амбасадорката, на Твитер.

За потсетување, пред само неколку дена, Агелер отворено констатираше дека иако Македонија чекори на патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи севкупниот напредок на земјата.

„Намалувањето на корупцијата е важно затоа што корупцијата во која било форма ја оневозможува оваа земја да напредува во економска, социјална, образовна и структурна смисла, за кои знаеме дека може и треба да продолжи да ги постигнува. Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на Северна Македонија преку забавување на економскиот раст и поттикнување на најталентираните млади луѓе од земјата да бараат можности во странство“, порача Агелер на одбележувањето на 30-годишнината од партнерството на земјава со УСАИД.

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари

Таа и претходно, како и нејзината претходничка Кејт Мери Брнс, во повеќе наврати нагласи дека граѓаните во земјава заслужуваат независен правосуден сектор и дека политичкото мешање нема место во овие постапки. Агелер најави и дека борбата против корупцијата во земјава ќе ја постави како приоритет на Амбасадата на САД.

Заменик-помошникот на државниот секретар на САД – Габриел Ескобар, пак, пред неколку дена изјави дека санкциите на САД за корумпираните политичари од Балканот имаат ефект и дека Вашингтон ќе продолжи со санкционирање корумпирани функционери од регионот.

Извор: МИА

- Реклама -