Шкупи веќе одигра еден натпревар надвор од Чаир, на Скопје му беше домаќин во Кичево, па им останаа уште пет меча да одиграат на најмалку 100 километри одалеченост од својот стадион.
Казната која ја определи дисциплинската комисија на ФФМ е смешна ако се земе во предвид сериозноста на инцидентот. Навивачи на Шкупи влегоа на теренот и тргнаа да ги тепаат фудбалерите на Шкендија кои спасија жива глава само благодарение на специјалните единици кои беа присутни на мечот.