Како изгледа вториот тим на Бразил – Србија не треба да се грижи со кого ќе играат против Камерун (ФОТО)

Според обложувалниците Бразил е главен фаворит за освојување на Светското првенство, тие веќе се пласираа во осминафиналето, па се поставува прашањето со каков состав ќе настапат против Камерун.

Камерун има подобра гол разлика од Србија за еден гол, па доколку тие го победат Бразил, на Србите не само што ќе им треба триумф над Швајцарија, туку ќе мора тој да биде со 2+ разлика.
 
Се поставува прашањето со каков состав ќе истрча Тите на тој меч ако се знае дека тие веќе ја остварија целта во групата, се пласираа во осминафиналето.
 
Но, кога Бразил е во прашање се чини дека е сè едно со кој состав игра, па отаму Србија не треба да се грижи за тоа.
 

- Реклама -