Пред некој ден Де Брујне изјави дека Белгија нема шанси за трофејот бидејќи имаат многу стар тим, слична изјава даде и Еден Азар кој посебно ги посочи стоперите.
Искусниот Јан Вертонген по мечот со Мароко даде зајадлива изјава како одговор на она што го кажаа Де Брујне и Азар.
„Не создадовме доволно шанси. Мислам дека имаме квалитет да се надеваме на подобар резултат во третото коло, но очигледно дека напаѓаме лошо затоа што имаме престари офанзивни играчи“, изјави Вертонген.