Руски власти: Крим е под напад со беспилотни летала (ВИДЕО)

Полуостровот Крим денеска е нападнат со беспилотни летала, а руските сили стационирани таму се во состојба на готовност, соопштија руските власти на полуостровот.

„Се врши напад со дронови. Нашите противвоздушни сили дејствуваат… Соборени се два дрона“.“, напиша на Телеграм Михаил Развожаев, гувернер на административната област Севастопол на Крим.

Според него, ниту една цивилна инфраструктура не е оштетена. Тој ги повика жителите да останат смирени.

Руската Црноморска флота, со седиште во Севастопол, Крим, беше нападната на крајот на октомври од, како што рекоа властите, „масовен“ напад со беспилотни летала. Поради тој напад, во кој беше оштетен најмалку еден руски брод, Москва накратко се повлече од договорот за извоз на жито од Украина.

Извор: МИА
Видео: Социјални мрежи

Прочитајте и:  Руски борбени авиони, НАТО системи, американски хотели... Специјалните барања на Путин ја одложуваат неговата посета на Турција
- Реклама -