Како беа пречекани украинските сили во Херсон (ВИДЕО)

Русите целосно се повлекоа од Херсон но, и покрај тоа, украинските сили денеска напредувале кон градот со темпо побавно од предвиденото. Причина биле бабите кои им го блокирале патот сакајќи да ги изгушкаат и избакнат и да им заблагодарат што ги избркале Русите, се шегуваат Украинците на социјалните мрежи.

И бидејќи една слика вреди илјада зборови, а видео со звук во случајов уште повеќе, да прејдеме на главното: еве како изгледаше дел од атмосферата денеска во регионот Херсон и истоимениот регионален главен град – најголемиот град што Русите го освоија од почетокот на инвазијата, каде, како што ќе видите и самите, и вечерва уште се слави.

 

Прочитајте и:  Песков: Русија соодветно ќе одговори ако САД ѝ дозволат на Украина да напаѓа длабоко на руско тло со американско оружје
- Реклама -